Од петок се отвораат и фитнес центрите, а угостителските објекти ќе може да работат и во внатрешноста со посебни протоколи. Ова го напиша на својот профил на „Фејсбук“ премиерот Оливер Спасовски.
Исто така, како што и претходно беше најавено, од петок се отвораат границите без никакви ограничувања.
„Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.
За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки.“, напиша Спасовски.
TV21










