300 килограми мазут од фабриката за масло „Благој Ѓорев“ истекол во реката Вардар кај Велес. Мрсните дамки кои граѓаните на Велес утрово ги забележуваат во Вардар се остатоци од мазут.
„На ден 14.06.2020 во 10:40h од надлежната служба за обезбедување во ПИ,,Благој Ѓорев‚‚ АД Велес бевме известени дека истекува мазут надвор од дворното место. Веднаш беа известени одговорните лица со цел спречување од понатамошно излевање. Во текот на целиот настан беше присутна полициска служба која што го регулираше сообраќајот. Официјално, преку телефонски повик беа известени и надлежните служби на општина Велес во 11:00h. Количината која што излегла на улица е не повеќе од 300 kg согласно визуелните проценки. Веднаш настапи екипа која што изврши покривање на мазутот со сончогледово ќоспе, со цел да не настане излевање на мазутот во шахтите на улицата. Количината на мазут и ќоспе е исчистена и префрлена во трактор. ПИ ,, Благој Ѓорев‚‚ АД Велес изјавува дека нема излеано количина на мазут директно во одводен канал согласно претходно објаснетата ситуација. За тоа имаме испратено и соодветни фотографии. Надлежна служба ,,Дервен‚‚ изврши перење на улицата Алексо Демниевски во вечерните часови“, велат од фабриката за масло.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=3QSvilqVkKQ[/embedyt]








