Се уште е рано да се донесе одлука за отворање на аеродромите, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„На оваа тема се разговара, но се уште е рано да се донесе одлука“, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пелагонискиот регион.

Според него, од ТАВ, кој е концесионерот на аеродромите во Скопје и во Охрид, информирале дека од моментот кога ќе се донесе одлука за да ги стават во функција аеродромите ќе им требаат седум дена.

Од 15 март е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март и „Меѓународниот аеродром Скопје“.

R.S.E.