Поголемиот дел од новозаразените се во рамки на неколку семејства, односно познати кластери, но бројките сепак се загрижувачки, вели вицепремиерот
Она што го научивме од вирусот е дека ниту една колективна или рестриктивна мерка не е подобра од личната свест и личната заштита на граѓаните. Носење маска е најлесната мерка што може секој да ја преземе, личната хигиена и однесувањето, се единсвениот начин да се заштитиме. Колективните мерки очигледно не даваат резултати. Овој пик денеска, е резултат на зараза во текот на полицискиот час, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Тој, како наионален координатор на странска помош во земјава, во кругот на ГОБ „8 Септември“, ги предаде во употреба респираторите што како донација ги обезбеди Норвешка.
„Во главниот Кризен штаб денеска ги разгледавме сите бројки и причини за зголемениот број новозаразени. Поголемиот дел од новозаразените се во рамки на неколку семејства, односно познати кластери, но бројките сепак се загрижувачки и трендот е загрижувачки кај 20 проценти од вкупниот број на тестирани. Така што Комисијата ги прави анализите дали тоа е резултат на непочитување на личните мерки на заштита или постојат и други причини“, рече Османи.
Тој најави дека во наредните денови ќе пристигнат нови донации од Естонија и Бугарија, со цел да се помогне на здравствениот систем во услови кога солидарноста претставува најважниот фактор во справување со пандемијата.
360stepeni










