Се запали автобус на паркингот под Железничка станица, нема повредени

by Administrator

Приватен автобус за јавен превоз се запали утрово на паркингот под Железничката станица во Скопје.

На опожарениот автобус интервенираат десетина пожарникари со две противпожарни возила. Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Борче Менковски изјави дека возилото се запалило додека било на стојалиштето и во него немало патници.

Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.

Nova

You may also like