Според предлог планот на Комисијата за заразни болести кој денеска ќе биде достевен до Влада, прво ќе се започне со отворање и враќање во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници, органи за управување и конференции, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер, без угостителска дејност, и затворени трговски центри односно молови без угостителска дејност, како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас кои целосно ги подготвија капацитетите.
Министерот објасни дека на состанок со Комисијата за заразни болести и врз основа на анализата врз која бил донесен предлог – планот за намалување на рестриктивните мерки, стратегијата ќе се одвива во неколку фази.
„Намалувањето на мерките е врз основа на повеќе критериуми кои во предвид ги зема и СЗО, а три од нив се клучни. Прво дали епидемијата е ставена под контрола, дали здравствениот систем е во состојба да се справи и да ги изменаџира и бројот на пациенти сега, но и дали може да се справи со повторно појавување голем број случаи и дали системот за надзор на јавното здрвство може да ги открие и да управува со случаите и нивните контакти и да индентификува евентуално појава на нови случаи. Сите овие критериумис е исполнети. Состојбата во земјата е оцената како стабилна и може да се очекува мирен период во нередните два месеца“, изјави Филипче.
После следењето на епидемиолошката состојба откако ќе се вратат во функција сите овие економски оператори, следната недела ќе препорача отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективни спортови, и повторно после епидемиолошката анализа и следење на состојбата, третата, следна недела, игрите на среќа во казината, автомат клубови, тренинзи во затворени спортски објети и базени, работа на теретани фитнис клбови и хотелски објекти.
Сепак, засега нема препорака до Владата за скратување на полицискиот час, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа, рече министерот Филипче.
„Полицискиот час беше еден од факторите за да ја намалиме трансмисијата на вирусот заради тоа што кога има асполутно мирување, кога има полициски час, најдобро се спроведува контролата. Значи во овој момент не размислувавме за скратување на полицискиот час, но може да се наметне потребата во периодот којшто доаѓа посебно заради тоа што економските оператори постепено ќе се враќаат во функција. Ја пратиме состојбата и соодветно ќе предложиме до Владата, но засега не се размислува за скратување на полицискиот час“, изјави Филипче.
Министерот Филипче, нагалси дека со ова постепено се враќа животот во нормала, но остануваат на сила задолжителната дистанца и носењето на заштитна маска на нот и устата.
“Согласно нашите анализи се очекувам мирен и стабилен период, но тешко е да се очекува вирусот да исчезне. Следните два месеца очекуваме намалување. Кај нас веќе е 11 недела, а вирусот обично трае 8 недели. Мерките дадоа резултати и аплеирам до граѓаните да ги почитуваат препораките за понатамошна заштита, како и до компанииите кои започнуваат со работа да ги почитуваат мерките за заштита на вработените“, рече Филипче.
Тој нагласи дека двата последни случаи се од локална трансмисија, од погреб во Тетово и од еден помал настан во Скопје. Заради тоа е важна дистанцата и носење маска, луѓето да не се собираат во поголеми групи.
На прашање на НОВА, дали и после преполнетите излетнички места, како и плажите на нашите езера, слично како што се случи деновиве во Грција, може да се очекува мирен период во однос на вирусот. Прашањето се однесуваше и на џамиите кои од денеска ги отворија вратите за верниците со килективна молитва, внатре со одредена дистанца, министерот одговори дека важно е да се почитуваат мерките.
“Тоа е дистанцата и носењето маски или прекривка на лицето, одговорните да ги контролираат работите во рамки на своите објекти. Ние сме една од првите земји кои ги воведовме овие мерки. Доколку не се почитуваат овие мерки ќе има зголемување на бројот на заболени“, одговори министерот Филипче.
Тој рече дека тоа е универезално правило, истата мерка се однесува и на плажите и излетничките места каде што нема можност за дистанца, се носи заштитна маска на носот и устата.
Nova.
