Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата на Република Северна Македонија сите досега донесени мерки да останат на сила.
Министерството за здравство информира дека денеска Комисијата за заразни болести одржа состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот.
Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.
Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното.
Вчера, министерот Филипче објасни дека овие два дена се анализираат новите случаи и согласно на тоа ќе има олабавување на маерки. Денешниот биланс покажа 36 новозаразени со КОВИД-19 во земјата во последните 24 часа.









