Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во околу 100 места ширум Северна Македонија подели 3.500 пакети со помош по повод месецот на постот Рамазан и поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Делењето на помошта се врши во соработка со Сојузот на турските невладини организации во земјата (МАТУСИТЕБ), невладините организации како и локалните самоуправи.

Денеска помошта беше поделена во две зони во Општина Шуто Оризари во Скопје, во која претежно живеат граѓани од ромска етничка припадност, а во делењето на помошта учествуваа координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, министерот без ресор во Влада на Северна Македонија задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам, пратеникот Самка Ибраимовски, како и советникот за ромски прашања на премиерот на Владата на Северна Македонија, Неџдет Мустафа.

Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајден, нагласи дека тие како ТИКА започнале со поделување на пакети со помош поради Ковид-19 кој го погоди светот, како и Северна Македонија, и дека и во месецот на постот Рамазан продолжиле со оваа активности.

Ајден истакна дека постојат обесправени групи погодени од оваа пандемија.

„Со цел помагање и поддржување на сите заедници кои живеат во Северна Македонија, ние како ТИКА ќе поделиме 3.500 пакети со прехранбени производи ширум Северна Македонија. Во изминатите денови со делењето на помошта започнавме во Штип.“, рече Ајден, додавајќи дека денес во општина Шуто Оризари поделиле помош за 350 семејства од ромска етничка припадност со цел надминување на економските проблеми.

Тој нагласи дека Турција секогаш ја поддржува пријателската земја Северна Македонија.

„3.500 пакети кои ќе се поделат ширум Северна Македонија вклучуваат над 15.000 поединци во семејствата, на кои им делиме прехранбени производи од над 160 тони“, додаде Ајден.

Министерот без ресор Бајрам упати благодарност до Турција поради помошта.

Нагласувајќи дека тој како министер упатил барање до многу институции и фирми, Бајрам додаде:

„Единствено позитивно ми одговорија браќата од Турција. Како што гледате во моментов тука се 200 пакети и овие пакети ќе бидат поделени во социјалното загрозени лица во населба Шуто Оризари. И вие знаете дека Ромите се најсоцијално загрозени во нашата држава. Повторно искажувам голема благодарност за нашите браќа во Турција. Како што знаете сега се и денови на рамазанските пости. Се надевам дека овие пакети на нашите Роми во населба Шуто Оризари добро ќе им дојдат.“.

Пратеникот Ибраимовски исто така упати благодарност до Турција и до Ромите кои живеат во Турција.

„Секогаш Турција е тука достапна за да помогне на народот кој живее во Република Северна Македонија“, рече Ибраимовски.

Од друга страна, советникот за ромски прашања на премиерот на Владата на Северна Македонија, Неџдет Мустафа, нагласи дека денес навистина целиот народ во Шуто Оризари се чувствува горд.

Мустафа истакна дека ТИКА секогаш знае дарежливо да гледа на ромскиот народ, и додаде: „Ромскиот народ во Шуто Оризари и во другите населени места во Скопје денеска ќе се радуваат на ова голема дарежливост на рамазанските пакети.

Имамот на џамијата „Билал Хабеши” во Шуто Оризари, Северџан Куртиш, упати благодарност до ТИКА поради поделената помош.

Anadolu