Македонскиот прстседател Стево Пендаровски во синоќешното интервју за „360 степени“, се осврна на вонредната состојба и за тоа дали би ја продолжил за нови 30 дена, со огледа на тоа што вторите 30 дена истекуваат на 16 мај.
„Ако трендовите се навистина позитивни, дај боже, со цело срце посакувам така да биде, и ако ситуацијата со ковид-19 се смирува, јас двапати ќе размислам дали ќе бидам единствениот кој ќе продолжува 30, плус 30, плус 30 и така до крајот на годината. Ако трендовите во однос на ковид-19 се стабилизираат и генерално попуштаат и според првичните проценки и мерките за ограничување на движење, за реотворање постепено на бизнисите, не сум сигурен дека и во таква ситуација ќе решам – еве ви нови 30 дена, еве ви нови 30 дена и не се секирајте, јас постојано ќе давам нови 30 дена, бидејќи вторите 30 дена беа дадени или утврдени затоа што мораше“, истакна Пендаровски.
Nova.









