Тој нагласи дека запишување на дечиња во прво одделение, сега во мај ќе нема, но сепак додаде дека ќе се почека оваа мерка да биде усвоена на владина седница.

Адеми објави дека во игра е и опцијата воопшто да не се полага државна матура за оваа генерација средношколци, а најверојатно нема да се оди ниту на варијантата да се полага посебен приемен испит за упис на факултет.

Оценката на образовните власти е актуелната учебна година да не се повторува од септември, бидејќи, како што вели министерот, наставата онлајн се одвива непречено, а наставниците знаат како да ги оценат учениците. Додаде дека континуирано се делат таблети за оние кои немаат и поради тоа не се во можност да ја следат наставата, особено кај над 400 социјално загрозени семејства, но од друга страна забележани се и непопуларни примери кај дел од училиштата, каде цели класови се пријавиле дека не поседуваат компјутер или таблет.

Канал5