Нермин Бишевац, од саботата, кога се вратил од Германија, е сместен во државен карантин во хотелот „Молика“ – Битола. Храната на хотелот, според него, не може да се јаде, а се случило да добијат и мувлосана храна.

Во врска со ова се жалел и кај персоналот на хотелот, но не верува дека нешто ќе се подобри.

ТВ21 телефонски комуницираше со Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Кратко ни рече дека Владата е надлежна за одредувањето на државните карантини, но нема никаква одговорност за храната.

Во врска со тоа не упати да прашаме кај менаџментот на хотелот. Тв21 се обиде да контактира со хотелот преку телефонскиот број објавен во нивната фејсбук страна, но никој не одговори.

ТВ21