Од почетокот на кризата минатиот месец до денес, се регистрирани неколкукратни намалувања во интересот на купувачите за нови станбени единици. Генерално барање на повеќето градежни фирми, особено од Скопје, е да се намалат комуналиите до 50 проценти со што со самото намалување на цените на комуналиите неминовно ќе се намали и трошокот за градба, а со тоа и самите цени на становите, вели Сашо Цветковски, директор на одделот со станбен простор во Cushman &Wakefield/FORTONKMKA

Генерално барање на повеќето градежни фирми, особено од Скопје, е да се намалат комуналиите до 50 проценти со што неминовно ќе се намали и трошокот за градба, а со тоа и самите цени на становите. Ова произлезе од анализата на реномираната консултантска компанија за недвижности Cushman &Wakefield/FORTONKMKA, а е посветена на проценка на влијанието на кризата врз пазарот на недвижности во државата.

Оттаму сметаат дека состојбата предизвикана од епидемијата на коронавирус ќе има негативен краткорочен до среднорочен импакт и врз градежниот сектор во Македонија, како една од виталните гранки на домашното стопанство. Веќе се бележат драстично негативни бројки во многу сегменти, особено во интересот за новоизградените станбени објекти што е одраз на општата несигурност кај купувачите.

– Од почетокот на кризата минатиот месец до денес се регистрирани неколкукратни намалувања во интересот на купувачите за нови станбени единици. Редовно водиме статистика и анализа за интересот на потенцијални купувачи за нови станбени комплекси за целата држава, а особено за Скопје како најрепрезентативен случај. Нашите податоци покажуваат дека со ограничувањето на движењето и општото чувство на економска несигурност во март и април се бележи намалена посетеност на станбените комплекси на продажба за околу 83 проценти или за околу пет пати намалување во однос на јануари и февруари. Ова ќе има сериозни импликации врз побарувачката за нови станови што на крајот ќе се одрази врз целокупниот перформанс на градежниот сегмент во државата, односно неговата способност да го одржи трендот на еден од главните двигатели на домашната економија во смисла на генерирање вработување и потрошувачка на градежни материјали – вели Сашо Цветковски, директор на одделот со станбен простор во Cushman &Wakefield/FORTONKMKA.

Според него, има многу позитивни примери од регионот кои можат да се преземат од страна на општините за да му се помогне на градежниот сектор полесно да се справи со кризата.

– Доволно е локалната власт да размисли за воведување мерки со цел да му помогне на градежништвото. Генерално барање на повеќето градежни фирми, особено од Скопје, е да се намалат комуналиите до 50 проценти со што со самото намалување на цените на комуналиите неминовно ќе се намали и трошокот за градба, а со тоа и самите цени на становите. Во услови на пролонгирана криза (трендот на намалување на цените ќе продолжи, а прогнозите се дека до крајот на годината ќе достигне и до 30 насто и многу градежни компании ќе изгубат интерес за вложување во услови на природно намалување на цената) – вели Цветковски.

Тој нагласува дека дополнително банките го стегаат обрачот на кредитирање.

– Ако се знае дека 70 отсто од продажбите се финансираат преку банкарски кредити ова ќе значи дополнителен предизвик за сите нив. Како плус оптоварување на градежните фирми може да биде и зголемувањето на набавната цена од причина што се очекува цените на материјалите да се качуваат и тоа од минимум 10 до 20 проценти како последица на факторот – недостиг на производство, нагласува Цветковски.

Сепак, тој додава дека под услов да се стабилизира кризата во третиот квартал од годината ќе дојде до нормализирање на побарувачката за станови што во комбинација со преземените мерки од страна на локалната власт би ги амортизирало негативните трендови од првиот и вториот квартал од годината.

Vecerpress.