Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на верниците од муслиманска вероиповед им го честита месецот на Рамазан.

„Рамазан за сите припадници од муслиманска верници  претставува радост, љубов, мир, верност но и претставува поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите како и луѓето со добра волја.

Почитувањето на верските разлики и градењето на заеднички дијалог е од значаен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на Република Македонија. Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, да ги решаваме проблемите и да  изградиме успешна држава  и просперитетна  иднина за нас и нашите идни генерации.

Периодот се соочуваме со предизвикот од корона вирусот, а државата со најсериозната економска криза досега. Имаме разрушување на стопанството, уништени бизниси, затворени работни места.  И да не заборавиме на луѓето од првата борбена линија кои неуморно се борат против вирусот и даваат напор за ова полесно да се надмине.

Посакувам работите да се подобрат, да се променат, нешто за што заедно ќе се избориме.

Затоа во овие тешки моменти потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи за да можеме да се посветиме на создавање праведна и  почитувана држава Република Македонија.

Нека  овие празнични мигови во денешниот ден донесат мир, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба  кои ќе ве следат целиот живот,  Вас и вашите семејства.’ вели Мицкоски во својата честитка.