Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, пред малку објави дека направил нови тестови за присуство на коронавирус и дека тие се негативни.

,,Вчера заедно со сопругата, почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури, направивме тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно и тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од моето семејство.

Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета.“- вели Димитриевски и додава:

,,Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите, бидејќи покрај негативните тестови, здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19, а со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата.
-Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне“- вели денеска во своето обраќање Димитриевски.

Тој самиот пред 7 дена објави дека е позитивен на КОВИД 19 и тоа ден по средбата со членови на владата и заедничка прес конференција во Куманово,Отогаш, речиси половина Влада е во домашна изолација, а вчера во утринско интервју на Сител, рече ,,оние кои што се одговорни за нашето здравје лажат”.

 

Ako