ДЕМАНТ

Имавме смртен случај, да тажни и тешки моменти во нашето семејство, но го прифативме тоа како нешто кое е неминовно за секој човек, но покрај таа трагедија во нашето семејство ние бевме стигматизирани како семејство од нашите соселани, а воедно и нашето село Подгорци беше стигматизирано во очите на околните места и градот Струга, само поради прилог објавен на квази портали со предзнакот Охрид во нивните имиња. Имено после еден час и половина на еден портал беше објавена информација за почината жена на Инфективното одделение при Општата болница во Охрид, која информација или прилог експресно беше презеден од страна на уште 5-6 портали, во кој прилог беа изнесени доста невистини.

Прво дека починала пола час по приемот, лага, пациентката е примена на 14.04 во 15:30 , а почина утредента на 15.04 во 09:15. Второ пишуваше дека лицето било примени цитирам „со значителни симптоми на Ковид 19“, класична манипулација со јавноста бидејќи НАНА (баба ми) немаше ниту еден симптом од општопознатите симптоми на овој вирус како температура, сува кашлица, отежнато дишење или треска. Потоа имаше информација дека состојбата и се влошила цитирам „ состојбата на починатата крајно се влошила за половина час пошто настанала смрт“ не е точно затоа што починатата добила мозочен инфаркт (кој податок стои во официјалните извештаи кои ги добивме од Општата болница – Охрид) и починала во рок од една до две минути. Имаше и информација дека кога била примена во Охридската општа болница била во тешка здравствена состојба, што е уште една од лагите во низа на овој прилог, бидејќи беше примена само со состојба на умалаксаност.

Сакам да го демантирам и г-нот Сашо Точков, директор на Центар за јавно здравје Охрид, кој во изјава дадена за Алсат-М телевизија во врска со овој случај вели : „Од првичните анализи и познавајќи го овој регион и менталитетот на луѓето, анализата наведува на тоа дека луѓето не се свесни за сериозноста на оваа болест. Потоа менталитетот e таков да ги кријат симптомите и не ги кажуваат и кога ќе биде веќе касно за да се интервенира, тогаш не може да се врати здравјето назад и доаѓа до фатални исходи. Секако дека се очекува зголемување на бројот и во струшкиот дел и во Охрид. Никој не е поштеден. Сега особено што вирусот е во локална трансмисија и не знаеме кој е носител“, Недела дена пред нејзината смрт, се пожали на умалаксаност како резултат на нејзините години, затоа што имаше 78 години, веднаш татко ми реагира (бидејќи е медицинско лице) и инсистираше да се направи тест за Ковид 19 за да немаме народно речено шубе, иако мојата Нана (баба) НЕМАШЕ ниту еден симптом на овој вирус, ниту имаше физички контакт со лице надвор од нашето семејство (од 5 март не излезе надвор).

Кога направивме обид да го закажеме тест преку матичниот лекар после прашалникот кој го прави истиот и протоколот кој е воспоставен од страна на Министерството за Здравство недела дена пред нејзината смрт, од Центарот за јавно здравје ни кажаа дека нема да можеме да го направиме тоа бидејќи ги нема симоптомите на Ковид 19 и дека нема тестови засега. Со ова сакам да одговорам на изјавата дадена од страна на Г-нот Точков за менталитетот на луѓето од овој регион, која изјава според мене е избрзана и базирана само на предрасуди за овој регион. И на крај не сакаме да тужиме, нема да бараме ништо за сета болка која сме ја доживеале како резултат на шпекулациите , бидејќи како личности и семејство сметам дека сме силни и се изборивме или допрва ќе се избориме со оваа ситуација, само апелираме следен пат кога истите портали (кои за жал ги раководат информатичари место новинари) да внимаваат што објавуваат, и нашата утеха ке биде ако се поштедат други семејства од беспотребни трауми со вакви објави кои се базираат на шпекулации. Го пишувам текстот после 5-6 дена од случајот затоа што денес бевме известени од страна на Инфективното одделение – Охрид, дека двата теста кои се земени пред и после настанување на смртта се негативни.

Селман Авмедоски – с. Подгорци

Dubai-Portal