Во анализа за „Само вистина“ професорот и инфектологот Вело Марковски открива како да се справиме со коронавирусот во земјава но и вели дека оние кои се заболени од вирусот, се најзаразни еден ден пред да се појават симптомите.
Воедно Марковски е поранешен директор на Инфективната клиника-Скопје и вели дека не се согласува во целост со рестрективните мерки кои ги донесе Владата за заштита и превенција од коронавирусот. Имено тој посочува дека треба да се разгледа можноста за поблаги мерки бидејќи како што вели дека полициските часови кои се воведоа за викенд, а сега и за престојниот празник се голем период за изолација.
–Имаме луѓе кои се возрасни, имаат склероза, кои не можат да се јават и да побараат помош. Замислете семејства од пет па и повеќе членови кои живеат во стан од 40-50 квадрати и како тие ќе издржат толку саати без да излезат. Полесно им е на тие што живеат во куќи. Што ако поради рестриктивните мерки изгубиме макар и само еден живот од која било причина, мерките нема да може да ги квалификуваме како успешни – вели д-р Марковски за „Само вистина“.
Марковски како еден од истакнатите доктори во државава вели дека веќе заболените од Ковид-19 најзаразени се еден ден пред појавување на симптомите.
Болните, односно заразените од ковид-19, се најзаразни еден ден пред да се појават симптомите сè до два дена од појавувањето на симптомите. Мал дел од заразените клиничката слика ја развиле по 10 дена од инкубацијата.
Magazin.








