СКОПЈЕ (АА) – Турската хуманитарна фондација ИХХ, во соработка со Здружението „Енсар” од Скопје доделуваат помош во прехранбени производи и средства за хигиена за лицата кои имаат потреба ширум Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Здружението „Енсар”, во соработка со ИХХ денес во Скопје продолжиле со доделувањето на пакетите со прехранбени производи и средства за хигиена.

Во ова соопштение се нагласува дека целта на проектот е пред месецот на постот Рамазан да се додели помош за лицата кои имаат потреба, поради состојбата предизвикана од новиот вид коронавирус (Ковид-19)

Се истакнува дека во рамки на овој проект вкупно ќе се доделат 300 пакети.

Според соопштеното, освен во Скопје и околината, помошта е доделена и во Велес и Врапчиште, а доделувањето ќе продолжи и во наредните денови.

Здружението „Енсар” во рамки на својот буџет и со поддршка на членовите на своето собрание, пред месецот Рамазан ќе додели дополнителни 300 пакети со прехранбени проозиводи и средства за хигиена на оние лица на кои им е потребна помош.

Anadolu