Скопскиот Зелен пазар денескка е масовно посетен и се пазари во безредие со големи групи на луѓе кои не оддржуваат растојание а дел од ниве не носат ниту заштитни маски.

Посетеноста е голаме и во маркетите и месарниците и не се забележува никаков страв ниту паника кај луѓето, туку расположени ги користат последните часови пред четиридневниот карантин за да испазарат во пресрет на празникот Велигден.

Пред Зелениот пазар, нема никакво обезбедување ниту пак полициско присуство, а пазарџиите го гледаат есапот и се разбира профитот што денеска нагласено ќе го остварат пред велигденските празници. Што се однесува до цените, нема значително покачување на продуктите. Повисока цена достигнува само овошјето од увоз.

Месарниците и маркетите се исто така преполни и се чекаат долги редици за да се обезбеди потребното. Зачудувачки се турканиците и блиските физички контакти на луѓето, особено оние од повозрасната популација. Развдиженоста е голема и по улиците и булеварите а неретко се шетаат заедно и поголеми групи на граѓани.
А1ON









