Најлошото сценарио сценарио што може да ни се случи е тоа  што ние имаме  само 1000 кревети за болните. Инфективната клиника е пополнета 75 проценти, но другите болнички капацитети се речиси празни. Епидемилогот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, посочи дека во тој смисол ние како земја не смеевме да дозволиме да доцниме со мерките, ниту да се потприме на колективен имунитет во кој 70 проценти од популацијата ќе заболат.

„Не можевме да дозволиме 70 проценти од популацијата да го прележат, тогаш бројот на  заболени ќе беше помножен со 10, зарем сметате дека ние можеме да одговориме со капацитетите во здравениот систем. Ако 49 заразени во Дебар ставија во карантин 20 000 луѓе, што ќе беше тогаш. Некои од земјите во Западна Европа го применуваат тој пристап на колективен имунитет, но тие имаат подобри здравствени системи, повеќе медицински персонал, лекари, повеќе респиратори. Најцрното сценарио што на нас може да ни се случи  е тоа што имаме само 1000 болнички кревети“, рече Караџовски.

Во моментот КОВИД-19 е во нагорна линија и се доближуваме до пикот кој се очекува при крајот на месецот. Караџоски посочи дека се очекува бројот на заболени да расте во наредниот период.

„Ние имаме искуство со вирусот само во овие четири месеци. Црпиме информации од тоа што се случува во Кина и Европа. Кога Кина го пријави првиот случај, ние бевме неми сведоци. Се што сме превземале досега вродило со плод. Ќе кажам дека некои држави го копираат нашиот модел. Мерките од Србија се од минатата недела, ние ги направивме две до три седмици порано. Во Косово со мерки започнаа завчера. Ќе кажам дека само Шпанија и Италија се пред нас со мерките. Од епидемиолошки аспект, мора да поминат шест до осум седмици за да се добие пикот на заразата“, рече Караџоски.

Во однос на високиот број на заболени од грип годинава, Караџовски рече дека симптомите меѓу КОВИД-19 и грипот се многу слични, како и нивниот клинички почеток. Детална анализа за тоа дали можеби некои од лицата со грип имале ковид-19, вели ќе се прави откако епидемијата ќе стивне, а во ИЈЗ се чуваат материјалите. Тој ги обајсни симптомите по кои коронавирусот  во повеќе работи се разликува од сезонскиот грип.

„Треба да се знае дека прво се јавува температура над 38 степени, сува кашлица, отежнато дишење, потоа настапуваат болки во мускулите и коските, има сличаи на стомачни тегоби, дијареа и повраќање и последно што сега се детектира е губење на вкус и мирис“, посочи Караџовски.

Ова е само дел од тоа што бее дискутирано на денешната онлајн стрим, видео сесија „КОВИД-19, прашања и одговори, Се за коронавирусот“ која се одржа во Владата.