18 лица приведени и 74 прекршувања регистрирани, на полицискиот час

by Administrator

Изминатата ноќ регистрирани 74 прекршувања полицискиот час во земјава, дознава Алсат.

Ноќеска, според неофицијалните податоци од МВР, заради непочитување на полицискиот час приведени биле 18 лица

Според податоците кои ги добивме, направени се контроли во 1674 локали и преземени се мерки против 18 случаи на прекршување на владините одлуки за превенција од ширењето на ковид-19.

Во меѓувреме, бројот на влезови и излези од земјава значително е намален. Според податоците, регистрирани се 488 влеза и 546 излези од нашата држава.

МВР уапси двајца косовски државјани во обид нелегално да ја поминат границата кон Македонија. Тие се однесени на задолжителен преглед, по ште ќе биде покрената редовна постапка од Обвинителството.

Alsat-M

You may also like