Деветмината битолчани, членови на оркестар кои се донесени во карантинот во касарната во Пепелиште во Криволак се жалат на условите во кои се сместени и каде теба да бидат во самоизолација во наредните две недели.
За 24 Инфо изјавија дека се уште се единствените „гости“ таму.
Тие допатуваа преку преминот Деве Баир, откако не им беше дозволен влз во Србија од Унгарија. Иако беше најавено дека 200 македонски државјани, кои заглавиле на српската граница ќе бидат пренесни во Пепелиште, тоа засега не е сторено.
Тие на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа од условите во касарната, од кои може да се види дека се работи хигиената во карантинот е на нула.
Тие се свесни дека мора да останат во самоизолација, но бараат тоа да биде во похумани услови, а ако не, да бидат пуштени дома каде ќе се самоизолираат.
По бурните реакции на социјалните мрежи, кое ги предизвика видео снимено од еден во карантинот, министерството за Одбрана изјави:
„Министерството за Одбрана информира дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, ќе бидат преместени на нова локација, соопшти Министерството.“
„Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир“

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=mzZaJgXtKpk[/embedyt]









