Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи со Оперативниот штаб, на денешната редовна средба со новинарите демантираше дел од медиумите кои денеска објавиле вест дека во Дебар нема доволен број лекари, но не демантираше дека нема респираторна машина и дали навистина има недостаток на медицински матријал.

„Не сум кажал дека немаме лекари и друг средномедицински персонал, туку дека имаме и тие се на првата линија на фронот. Но, велам дека во иднина тие не се доволни и бараме од Владата следните денови да упати лекари, пред се епидемиолози и инфектолози, како и медицински техничари, рече Дука.“

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека двајца доктори и две медицински сестри од Дебар се позитивни на коронавирус. Токму затоа двајца пациенти од Клиниката за пулмологија од утре ќе работат во општата болница во Дебар, како поддршка на здравствениот персонал таму.

Makpress – Dubai-Portal