После оваа изјава на Слободен печат, Хекуран Дука излезе со друга изјава, која демантираше дека нема доволен број лекари, но не демантираше дека нема респираторна машина или недостаток на медицински материјал.
„Не сум кажал дека немаме лекари и друг средномедицински персонал, туку дека имаме и тие се на првата линија на фронот. Но, велам дека во иднина тие не се доволни и оти бараме од Владата следните денови да упати лекари, пред се епидемиолози и инфектолози, како и медицински техничари, рече Дука.“
Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека двајца доктори и две медицински сестри од Дебар се позитивни на коронавирус. Токму затоа двајца пациенти од Клиниката за пулмологија од утре ќе работат во општата болница во Дебар, како поддршка на здравствениот персонал таму.
R.S.E/Makpress – Dubai-Portal
– Во 10 часот имаме состанок на кризниот штаб бидејќи состојбата се влошува. Чекаме помош од централната власт, посебно медицински персонал, медицинска опрема и дезинфектанти. Потребни се и скафандери за здравствените работници. Има во моментов, ама ни треба залиха, зашто тие се при крај, а се за кратка, еднократна употреба. Малку има и страв и тоа е. Во Дебар нема ниту една респираторна машина. Овој вирус ни е бакшиш од Италија, бидејќи брачен пар кој се врати од таму биле на погреб, таму се гушнале со луѓето и единствена превенција сега е да се седи дома и луѓето да се самоизолираат. Имаме еден епидемиолог, двајца инфектолози, еден медицински техничар и еден микробиолог. Тоа нема да биде доволно. Тие со тешки симптоми ќе се препраќаат на Инфективна клиника. Имаме десет доктори, во болницата отворивме и еден стационар со четири кревети. Тешко е – рече Дука за „Слободен печат“.
Околу најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека денеска во Дебар ќе се тестираат поголем број граѓани, Дука немаше подетални информации.
Sloboden Pecat – Dubai-Portal










