Како и секоја година, така и оваа, во нашата населба се интезивираа активностите околу овогодинешнава сеидба на главната култура -пченка, а се разбира и на останатите (компир,тикви, итн..)
Најпрво пред една недела се започна со расчистување на просторот се разбира од ланешната паперка, громје, а некои пак и за прв пат после неколу години започнуваат со засадување на земјоделаска култура.
За нив можеби ке биде малку потешко, ама кога се сака се успева,. некој ке засадува во сопствена нива, некој пак како што велат нашите ќе се земе под ќесим, како и да е Аллах , на сите да им даде бериќет и леснина за трудот кој ќе го вложат.
Тракторџиите на сите страни низ полето, некој ора, некој влечи, а некој пак прави бразди, некој носи гној итн..
Ама како и да е навистина атмосферата е многу убава. насекаде луѓе околу полето, а тоа ме потсетува на старите времиња, кога земјата многу се обработуваше, сега малку помалу, ама и тоа е добро, отколку ич да не се обработува.
Се разбира, Аллах да ни даде вода и добар вододелите како и изминатата сезона за се да помине како што треба, како и за останатото ( прашењето,наводнувањето, браздите).
Според раководителот на Водната Заедница – Подгорци г-динот Насер Реџоски припремите околу оваа сезона се во тек.
Во контакт со него, Насер не извести дека оваа година ке миа околу 150 рала пченка, притоа не сметајќи се разбира на ливадите засадени со јонџа.
Како и секоја година Најпрво во месе Мај ги расчистуваме браздите за наводнување како и секоја година, на 15 јуни објавуваме оглас за вододелите, и истиот трае до 25 јуни, а со наводнување се започнува од 1-ви јули, Аллах да ни даде сабур и сила надополни раководителот на ВЗ-Подгорци, г-динот Насер Реџоски.











