Еве веќе градбата на мистериозната порта на општина Вевчани секојдневно се гради, и си продолжува секојднено малку по малку, ама неизвесноста останува до кај.
Како ли ќе изгледа, дали ќе стават крст на неа или некакво верско обележје, што ли наумиле овие вевчанци, секогаш тие да се во центарот на вниманието.
Ама, само нека го сторат тоа, па ќе видат што ќе ги снајде, веднаш Зијадин Села, новиот градоначалник им кажа дека сприја ќе ја стопира кај Вакчаре, и дека оваа порта ќе ја снема.
(Вака размислуваат едни наши сограѓани)
Едни пак велат: А, бе бате нека прават, и ние на влезот ке ставиме Јарбол со нашиот Фламу (Албански орел) или тврда градба која ќе пишува и на албански јазик, па да видиме како ќе реагираат после тие.
Ама, има и некои за бојкот. Бате од нас од Подгорчаните па и Лабуништаните и Октишаните нема ништо. Да бевме ние помалу, сега ќе бевме истерани од овие места, ама господ гледа.
А, тие живеат од нас, замислете Пекарата од Вевчани секој ден доаѓа во Подгорци, и некои останати фирми, и така нашите продавачи им го купуваат нивниот леб, ни го продаваат нас, и со тие пари кои се полни буџетот на општина Вевчани, Вевчанците си прават и увеличуваат со секакви градби, па си велам штом се толкку јаки нека ни стават и крст пред влезот на Подгорци.
Здравствениот дом живее од Подгорчани, Лабуништани и Октишани, и пак тие си немаат гајле.
Ајде бре браќа да ги бојкотираме : Да не купуваме нивни артикли, да не одиме во Вевчеани на вакцинации и прегледи и тн…
Ама да ги бојкотираме и нашиве браќа кои имаат продавници и соработуваат со нив (срам да им е)
А, овој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ , гд-ин Кочосоки се дрзнал да ја посети Лабуништа па и Подгорци и да ги споменува фамозните проекти кои ќе ги направел. (трагично), ама знаете Избори се, па секој може да кажува што сака, ама народот дали има слух за тоа.
Што е уште пострашно, за мали кражби или пак нешто друго веднаш се пишуваа по сите портали, се украло во ова црква ова,, онаму се украло она, а за ова ништо ни збор, како никој да не гледа и не сака да каже.
Овие пак од ТВ Спектра имаа многу јаки вести, се ги интересира и од локален дел и меѓународен.. итн. а за ова што се прави на овој пат, за жал тие не гледаат, демек имаа инфра црвени леќи на очите. срам да им е. Појдете бре браќа посетете ги прашајте ги, и тргнете ја неизвесноста кај нашиот народ. Можеби Вевчанците прават убава работа.
А, нашиве политичари си молчат, молчи нашиот пратеник Мехмед. молчи ПЕИ, молчи ДУИ, молчат… демек молчењето е злато, ама не ми се верува дека ќе биде злато.
Да видиме дали не молчењето на гдин Зијадин Села и ДПА дали тоа ќе вроди со плод или избори беа бате априлилилили
Ама, како и да е неизвесноста продолжува понатаму, едни си градат, други се лутат и тн.. а што ќе произлезе од тоа односно што ќе се роди ќе видиме понатаму.
За на крај и јас како Админ на овој портал иако овој текст е корегиран од моја страна, а не е пишуван од мене, како што пишува администраторот на порталот Струга Прес на секоја една колумна текст кој тој ја пишува, а ја увеличува дека е напишана од група граѓани.
Па, еве и оваа колумна-текст нека биде напишана од група граѓани.!!
