Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателот на Европската комисија, Урсула Фон дел Лајен, како и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја е претседавач со Советот на ЕУ, излегоа со решенија за натамошната работа со оглед на новонастанатата ситуација и заканата за експанзија на коронавирусот. Според одлуката, одредени состаноци ке бидат редуцирани, но она што е битно за нас, е дека состанокот на Европскиот совет кога треба да се донесе одлуката за почетокот на претпристапните преговори со ЕУ ќе се одржи во предвидениот термин на 26, 27 март.
Капацитетот на Унијата да донесува одлуки мора да биде поткрепен од една страна со мерки за ограничување на ширењето на Коронавирусот (Ковид-19) и да се ублажат неговите ефекти, но важно е и справувањето со другите основни предизвици за Унијата. Во исто време, работата на институциите треба да се прилагоди на сегашната состојба и да се осигура дека ризикот од ширење на вирусот е минимизиран.
Конкретно во однос на Советот, ова значи дека: Неитните состаноци на Советот ќе бидат откажани или одложени и, во некои случаи, наместо тоа, ќе се одржат видео конференции. Кога ќе се одржат состаноци, ќе бидат преземени мерки за да се обезбеди учесниците да бидат безбедни.
За периодот до 31 март, ќе бидат одржани следниве основни состаноци на Советот:
– 13 март: Правда и внатрешни работи
– 17 март: Совет за економски и финансиски прашања
– 23 март: Совет за надворешни работи
– 24 март: Совет за општи работи
– 26-27 март: Европски совет
Извор:НоваТВ