„Средбата беше повеќе од информативен карактер. Беше кажано дека истовремено политичките партии можат да доставуваат сопствени предлози во однос на заштита и превенција од коронавирусот. Препораките од Владата се активни. И се додека траат ќе нема митинзи. Покрај справувањето со ковид-19, од големо значење ќе биде како ќе се справиме со економските последици кои неминовно ќе дојдат по коронавирусот, Македонија не може да биде имуна, тоа ќе го почувствува и буџетот“ рече Мицкоски.
И лидерот на БЕСА, Билал Касами, изјави дека се надева дека ширењето на коронавирусот нема да придонесе понатаму да се одложат изборите.
„До 24 март се забрануваат секакви активности со поголеми групи на граѓани, но се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и се надеваме дека нема да дојде до ситуација да ги одложиме изборите“ рече Касами. Тој додаде дека БЕСА во меѓувреме ќе ги користи другите можности за комуникација, со цел, како што рече, да ги пренесат нивните идеи.
„NovaTV“ – „Dubai-Portal“








