ВМРО-ДПМНЕ ги објави носителите на листи за претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април.

Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска Давкова, професор на правниот факултет Јустиниан Први при Универзитетот Свети Кирил и Методи.

Носител на изборната листа во изборната единица број два на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски .

Во третата изборна единица борбата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе водат двајцата генерални секретари на партиите. Игор Јанушев ќе е носителот на ВМРО-ДПМНЕ во тројка.

Носител во петттата изборна единица ќе биде оперскиот пеач Игор Дурловски. Човек кој зад себе има 10-тици меѓународни признанија од областа на оперската музика и е обожуван од народот, но и почитуван од своите колеги. По потекло тој е од Битола, па токму поради оваа причина тој е носител во петка која што важи за една од најнесигурните изборни единици, односно изборна единица која го дава победникот на изборите.

Дафина Стојановска, досегашна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на листата во изборната единица шест.

Dubai-Portal