Овие препораки од Комисијата за заштита од заразни болести се доставени до Владата која ги разгледа и ги прифати на денешната седница

Комисијата за заштита од заразни болести на денешната седница заклучи дека е потребно проширување на мерките за заштита од коронавирусот. Таа препорача сите градинки, училишта и факултети да бидат затворени во следните две недели.

Исто така, се забрануваат сите масовни собири на отворено и на затворено, а сите спортски собири да бидат без публика. Се воведува задолжителна самоизолација за сите лица што доаѓаат од високо и средноризични држави во период од 14 дена.

Исто така, Комисијата препорачува забрана за извоз на медицинска опрема, медицински средства и материјали од економски оператори од земјава, освен со посебна дозвола од Министерството за здравство.

Возрасните и поризичните категории граѓани со хронични болести да го ограничат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.

Исто така, се забранува патување во земји што се од висок и среден ризик, а листата на овие земји ќе биде поставена на веб-страницата на Министерството за здравство и ќе биде секојдневно ажурирана.

Комисијата, исто така, препорачува вработените во здравствените установи кои се ангажирани во изборниот процес да бидат изземени од натамошно учество и да бидат заменети со други лица.

За тие што нема да ги почитуваат и ќе ги прекршат препораките, Комисијата истакнува дека ќе бидат казнети по член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Исто така се бара да се воведе т.н. „хелт локатор картичка“ за сите летови и компании.

Овие препораки се доставени до Владата која ги разгледа и ги прифати на денешната седница.

360Dubai-Portal“ “