Имајќи ги во предвид последните активности од страна на Шумското стопанство -Струга, во деловите на населба Октиси познати како (Синор Јаблан и Оџоски Кутли) како и други активности кои ќе се прошират и на поглемиот дел од ова планина која ја опкружува населба, денес група на самоиницијативно организирани и загрижани Октишани во деловите каде е започнато со уништување на планината (неконтролирано сечење на дрва), активност која истовремено ја загрозува и животната средина, оддрржаа мирен протест преку кој пренесоа и порачаа дека нема да застанат до тука, односно нема да дозволат да продолжи уништувањето на истата.
Ваквите активности започнаа пред две недели со маркирање на трасава за пат, по стариот постоечки пат и се со цел да се изврши негово проширување за движење на камиони.
Меѓутоа, наместо тоа да го прават тоа, тие самоволно започнаа да уништуваат и поминуваат низ приватни имоти без и било какво одобрение, згора на тоа планирани се нови траси за спојување со населба Белица, кој поминува над нашите извори за питка вода.
Исто така пред две недели започнаа и со маркирање на шумата која дел е државна, а дел е и приватна, досега 2-пати премолчивме на злоупотребата на шумата, односно со сечење на две големи површини едната засадена со борова, а другата со букова шума.
Преку, социјалните мрежи (фејсбук) го анимиравме (известивме) населението за ваквата состојба и активности, и оддржавме состанок каде со нашите жители долучивме да се започне со блокирање-стопирање на ваквите активности.
Групата на загрижени граѓани, денес беа на местото каде се оддржуваат ваквите активности, каде не можевме да забележиме дел од изведувачите, од тука имајќи го сето во предвид одлучивме во понеделник да се оддржит уште една средба (собир) и да се договориме за понатамошните активности, и како да одговориме на истите.
Моментално работите ги изведува Шумското Стопанство, а според нашите сознанија понатамошните активности да продолжат по пат на тендер, кој ќе започне да ја реализира сечата на дрва., стои во краткото известување испратено до редакцијата на Дубаи Портал.










