За да воспостават “Нов светски поредок“ осмислен е план на “Хаос“, цел 19 држави

0
128

За секој настан во исламскиот свет, ние бараме причини и повод во самиот него, но ретко гледаме и разбираме кој навистина победил и што добил од тоа.

Колку да ни се допаѓа,или не,  Америка денес сè уште најголем играч на светот, исламскиот свет е во центарот на оваа игра. Ние сакаме да тргнеме по својот пат, но големите играчи како САД не се задоволни од ова. Заради тоа доаѓа до промена на нашиот правец на движење.

Турција, која постигна договор со Кина околу најголемиот економски и геополитички проект во денешниот свет, е во центарот на настаните.

За својот план за воспоставување „Нов светски поредок“, американскиот Пентагон избра 19 држави кои ги смета за пречка.

На чело на оваа група е Турција, која е најголемата пречка за педесетгодишниот план на Америка за Блискиот исток и Африка.

Постојат две главни причини за тоа, првата е енергетски богат источен Медитеран, а другиот е проектот на Кина познат како “Новиот пат на свилата“.

Главната цел на САД не е да ја уништат Кина или нејзината економија и мега-проектот за кој зборуваме, главната цел е да стават сè под своја контрола и да профитираат колку што е можно повеќе.

Во минатото, преку терористички организации и тајни служби, Америка се обидуваше да предизвика бунт на улиците на Турција, но без никаква корист.

Овие обиди се состоеле во провокација на курдско-турските тензии, до месхебските разлики што постојат меѓу турските муслимани.

Ако ја погледнеме ситуацијата на Блискиот исток, ќе видиме дека денешниот Израел нема проблеми со Египет, дека Сирија и Ирак се во хаос. Од ова можеме да заклучиме дека следните цели се Либан и Јордан чии улици наскоро ќе бидат преплавени со немири.

Плановите на Пентагон не се во интерес на европските земји, така што Франција и Германија се спротивставуваат на целите на САД, тоа беше очигледно во случајот со Иран каде земјите од ЕУ не ги поддржуваа САД. Бегалската криза што дополнително ќе ескалира и многу други проблеми може да предизвика раздор и распаѓање во рамките на Европската унија.

Во оваа ситуација, плановите за формирање „европска армија“ би ја собрале историска прашина на полиците, додека НАТО би се појавил посилно и без конкуренција во светот. Ова е причината зошто денес гледаме демонстрации и хаос низ цела Франција и африкански држави во кои Франција е доминантна гледаме демонстрации и хаос.

Се појавуваат нови терористички организации и тоа нема да запре, најавено е враќање на ИСИЛ, а во Либија со месеци трае ескалација на војната.

Мароко, Алжир и Тунис дури и Хонг Конг се на споменатиот список на Пентагон.

На три континетни се наоѓаат 19 држави, од кои 17 се дел од кинескиот проект „Нов свилен пат“

Доколку плановите на Пентагон не успеат во овие 17 земји, мапата на ИСИЛ во Кина ќе се активира затоа што ваквите сценарија се подготвуваат со години, тогаш ќе го гледаме подемот на ДАЕШ во Источен Туркестан кај ујгурските муслимани.

Надворешната политика на САД станува сè поагресивна, предизвикувајќи бунтови, економски санкции, ембарго, меѓународни притисоци се само еден дел од идните инструменти за надворешна политика на САД.

Плановите на Пентагон беа внимателно испланирани последниве години, со краен рок за 2020 година. Гледајќи го примерот на Франција, Макрон е сè уште претседател, но внатрешното востание и протестите организирани надвор ја чинеле француската економија 50 милијарди евра загуби. ќе имаме огромен пад и загуба над 180 милијарди долари.

Но, нема ниту најмал показател дека Турција ќе се предаде, 100-годишниот сон на Турција заврши, Турција ќе стане еден од најголемите играчи на светот во следните сто години. Земјите како Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија, Египет тоа најдобро го чувствуваат.

Извор:Tarık BaşTürk/bosna1463