Откако претседателот Ердоган го доби зеленото светло од парламентот минатата недела, Турција започна со испраќање на своите трупи во Либија.
Веста за распоредување на трупите во африканска земја беше потврдена за Си-Ен-Ен Турк од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
https://www.facebook.com/Reisi1954/videos/2483012231983738/?t=0
Засега не е познато колку војници и какви единици испраќа Турција во војната опустошена во Либија. Според извештајот, Ердоган зборувал за „различни групи кои ќе дејствуваат на координиран начин“.
Турскиот парламент го одобри испраќањето на трупите во Либија во четвртокот. Како што објасни Ердоган, целта на турските вооружени сили не е да се борат, туку „да обезбедат прекин на огнот во Либија со поддршка на легитимна влада во Триполи“.
Анкара и таканаречената „меѓународно призната влада“ од Триполи, потпишаа меморандум за воено-техничка соработка на 28-ми ноември.
Таканаречената „влада“ на премиерот Фајез Ал Сарај во Триполи, која е воено поддржана од милицијата муслиманско братство, побара воена помош од Турција.
Од друга страна, Либиската национална армија на пензионираниот генерал Хафтар (ЛНА), која има поддршка од избраниот Претставнички дом во Тобрук, поддржана е од Франција, Русија, Египет и Обединетите Арапски Емирати.
Извор: You Tube / CNN Turk
