Спасовски: Владата со помош и поддршка за македонските граѓани во Австралија

0
136

Пожарите кои беснеат во Австралија однесоа многу жртви и направија голема материјална штета. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, како и безмерна солидарност на сите граѓани на пријателска Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора, напиша на својот фексбук профил, Оливер Спасовски технички премиер на РС Македонија.

„Нашата амбасада во Канбера и конзулатот во Мелбурн стојат на располагање за помош и поддршка на сите македонски граѓани, како и на целата наша дијаспора.

Голема поддршка за пожарникарите, медицинските и други службени лица кои се борат со огнената стихија, како и до сите други институции и до Владата.

Владата на РСМ на првата следна седница ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите. Секогаш сме ја имале поддршката од пријателска Австралија, а сега најмалку што може да направиме е да бидеме солидарни и да им дадеме мала помош за да ги надминат огромните штети кои ги направија пожарите“, порача Спасовски.

Извор:НоваТВ