Судија на претходна постапка одреди 30 дневен куќен притвор за познатата македонска актерка Силвија Стојановска која попладнево во Скопје беше приведена и однесена во Кривичниот суд. По барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е изречена мерка притвор за лицето В.Б.
Судски извори за НОВА, потврдија дека актерката е уапсена во Скопје заедно со нејзиниот партнер, а неговиот брат бил упасен во Шпанија за шверц на 700 кг. кокаин. Актерката, според нив, наводно помагала со логистика и подигнување на парите.
Стојановска е една од најпознатите македонски актерки која играла многу филмски и, пред се, театарски улоги, а последните години е актуелна со нејзината улога во македонската серија „Фамилијата Марковски“.
NovaTV










