-Оваа Коалиција на СДСМ и ДУИ не оди во добар правец, особено не по јавните изјави на високите претставници на двете партии, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Но, во политиката ништо не е исклучено, па по изборите овие две партии повторно да станат коалциски партнери. Ќе нема поента ако СДСМ коалицира со албанската опозиција без да може да освои 61 пратеник. Така да секое коалицирање ќе зависи од бројките и односот СДСМ-ДУИ, вели Арсовски.
За шпекулациите во јавноста дека е можно СДСМ по изборите да коалицира со опозициските партии на Албанците, Арсосвски вели дека ваквата коалиција многу ќе зависи што ќе покажат партиските анализи околу освојувањето на пратничките мандати. Тој додава дека сепак прво треба да се почека и да се види дали ќе се дорастури коалицијата СДСМ-ДУИ.
Иако одмна се говори за можност за предизборна македонско-албанска коалиција, за аналитичарите ова е сеуште речиси тешко остварливо.
Засега во игра се неколку опции за можни постизборни коалиции. И СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се отворени кон ДУИ, но и кон можноста за коалиција со, Алијансата за Албанците, БЕСА и Алтернатаива. Но нашите извори велат дсека втората опција е ризична доколку албанската опозициајта не се обедини. Со разединета опозиција ќе биде невозможно да се освојат 61 пратник.
Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски на ДУИ во основа не му одговара македонска партијата која зема албански гласови, туку македонска партија која ги плаши Албанците и ги бутка кај нив.
Партиски извосри посочуваат дека поради изборниот модел доколу, Алијансата за Албанците и БЕСА, и според најавите приклучувањето на владејачката Алтернатива остане разединета тогаш албанската опозиција ќе изгуби неколку пратника.
Колку е возможна коалицијта ВМРО-ДПМНЕ –ДУИ
Партиски извори посочуваат дека постизборна колиција ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ е возможна. Лидерот Христијан Мицкоски ќе нема проблем да состави влада бидејќи сите претходни високи партиски претставници кои имаа недоразбирања со врхушката на ДУИ, повеќе не се дел од ВМРО-ДПМНЕ.
На тоа укажува и кризата што последните неколку недели ја манифестираат коалициските партнери СДСМ-ДУИ.
5 -те илјади амандмани на ДУИ во Собранието за предлог законот за една изборна еднаиница го предизвика претседателот на СДСМ Зоран Заев јавно да каже дека ќе го преиспита партнерството со ДУИ.
-Кога гледаме дека има 9.000 амндмани од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ поднела 5.000 амандмани. Ако ДУИ знае дека ВМРО поднело 9.000 амандмани, а ДУИ поднела 5.000 – а е партнер во владата… Јас можам да разберам по нашите презентации колку добива ДУИ, колку добиваат Албанците сепак да го поднесат тоа, кажете ми вие што да мислам, што да мисли народот, коалицијата колку е таа одржлива или не. Навистина, ова е сериозна причина за сериозни размислувања кои СДСМ ќе ги отвори, рече премиерот Заев.
Од ДУИ пак велат дека амандманите не се реакција кон коалицискиот партнер СДСМ.
-Оваа реакција на ДУИ не се однесува на СДСМ или на некакви меѓукоалициски односи, туку се однесува на фактот дека ние нема да дозволиме бројот на пратеници-Албанци да падне заради изборниот модел, рече вицепремиерот Бујар Османи.
ДУИ го изненади партнерот СДСМ кога Селим Адеми, беше избран со помош на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, за член на Судскиот совет. Предлогот на СДСМ но не Павлина Црвенковска, не беше изгласан. ДУИ беше и во неформална коалиција кога не даде согласност за притворање на Трајко Велјановски и Љупчо Димовски. Прикриено од сенка, ДУИ, се противеше и на разрешувањето на Јово Вангеловски од претседателската позиција во Врховниот суд.
Според пратеникот на ДУИ Мухамет Зекири од таквиот одност ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ, најмногу губи СДСМ.
-Имаме изјави од вицепремиерот Бујар Османи кој вели дека со СДСМ имаме тешкотии, а со ВМРО-ДПМНЕ беше полесно, тие се попрактични. Што тоа значи, дека беа попрактични во пљачкањето на државата и во монтирање судски процеси. Во што беше попрактична таа нивна коалиција. Значи, тие не ни кријат дека повеќе би биле со ВМРО-ДПМНЕ отколку со СДСМ“, вели Зеќири.
Dubai-Portal / SlobodenPecat










