Денес, Премиерот Зоран Заев и градоначалникот Александар Наумовски ја отворија и промовираа новата спортска сала во основното училиште „ Јоаким Крчовски“ во скопско Волково. Еден од најзабележителните моменти беше кога Баба Перса, го искажа својот револт за инфраструктурните проблеми.
Одговорот на Премиерот Заев беше дека, проблемот е решен, и дека тоа е однапред режисирано сценарио. После дуелот, храбриот новинар Фуркан Салиу, со своето возило, ја зеде Баба Перса и нејзината комшивка и отпатуваа директно до самото место, па кога пристигнаа, како што може од видеото да се види, проблемот и не бил решен, иако Премиерот тврдеше дека бил решен.
После видеото на Фуркан Салиу, се јавил и градоначалникот и испратил видео, како демант.
Dubai – Portal. FB: Furkan Saliu
