Од Бакингамската палата, директно во Волково, чекајчи аплауз се соочи со реалноста на дел од граѓаните. додека Премиерот Зоран Заев и градоначалникот Александар Наумовски ја промовираа новата спортска сала во основното училиште „ Јоаким Крчовски“ во скопско Волково, револтирани граѓани побараа објаснување зошто се што им било ветено не е исполнето, конкретизирајќи на инфраструктурни проблеми. Жителите се пожалија дека во 21век се уште се приморани да се движат по кал и раскопани улици и дека иако ветено, фекалната канализација се уште најголем проблем со кој се соочувале.
Премирот Заев и градоначалникот Наумовски револтирани од односот на дел од жителите се обидуваа во исто време да објаснат дека проблемот е кај претходната власт, но дека истиот до година ќе го решат.
Додека премиерот и градоначалникот тврдеа дека жителите кои се побунија биле мотивирано од политичко сценарио, жителите возвратија дека биле излажани. Премиерот Заев ги праша и зошто досега молчеле. Одговорот беше дека биле гласани за промени и за подобар живот на граѓаните, а се уште не виделе ништо од тоа..
Жителите продолжија со распаравата, тврдејќи дека претставници на општинската или државната администрација се обидуваат да ги отстранат од местото на настанот.
24
