Промена на изборниот модел: СДСМ е „за“ – за ДУИ и ВМРО ДПМНЕ сега не е време

by Administrator

На неколку месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април и натаму останува отворено прашањето за промена на Изборниот законик и изборниот модел.

Од владејачката СДСМ сметаат дека има време за да се донесат овие промени и изборите да се одржат по новиот модел. Но, нивниот коалициски парнер ДУИ вели дека за промена на изборниот модел досега не е дискутирано во рамки на владината коалиција. Од ДУИ сметаат дека за тоа прашање е потребен поширок меѓупартиски концензус, но и ити тоа не треба да се отвора на само неколку месеци пред изборите.

-Очекувам државотворен капацитет и партиските интереси да ги ставиме на страна кога се работи за интересот на граѓаните на државата.  Да го смениме моделот во една изборна единица и да донесеме законска обврска 50/50, изјави вчера премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање.

Заев призна дека ДУИ не е согласна, и ги повика одново да ја разгледаат опцијата.

Двајца високи функционери на ДУИ, лидерот Али Ахмети и претседателот на Парламентот Талат Џафери вчера беа децидни дека нема време з апромена на изборните правила.

– Сметаме дека прашањето за изборниот модел е тема за која потребен е поширок меѓупартиски консензус, затоа сметаме дека се почитуваат сите директиви и препораки на ОБСЕ/ОДИХР и од меѓународната заедница, рече Ахмети.

Џафери смета дека не треба да се влегува во последните месеци од работата на Парламентот и без  политички консензус.

-Без општ консензус не би требало да се влезе во таков проект. Вообичаено такви проекти не се реализираат во последните месеци на работа на Собранието затоа што промената изискува и соодветни промени во моделот и во активности на други институции. Во тој контекст, мислам дека не би требало да се влезе во измени, рече Џафери.

Доколку се влезе во такви измени, додаде претседателот на Собранието, тоа треба да биде на почетокот на мандатот на собранискиот состав, со цел, како што рече, да може да се остави простор и можност за другите институции да може да ги спроведат одредбите од тие измени.

Сепак појасни дека на некоја од наредните седници Собранието ќе се изјасни за двата предлог закони поднесени од група пратеници како овластени предлагачи до Собранието – еден за моделот и еден за отворени листи.

И за опозиициската ВМРО-ДПМНЕ не е време за промена на изборниот модел, но доколку се влезе во ваков процес, тие како партија ќе се залагаат за 120 изборни единици.

Nova.

You may also like