ВМРО-ДПМНЕ разговара со сите политички партии и доколку има сврзна точка и најде заеднички интерес кој ќе конвенира со интересот на граѓаните не постои пречка да потпише договор за предизборна коалиција,рече денеска на прес конференција лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
-Разговараме со многу политички партии. Апсолутно разговараме и ќе продолжат разговорите со политичките партии. Доколку имаме сврзна точка доколку најдеме заеднички интерес кој ќе конвенира со интересот на граѓаните на Македонија апсолутно не гледам никаква пречка да потпишеме договор и предизборна коалиција, но да оставиме и простор понатаму да ги донивелираме ставовите доколу има некои разединувања во постизборна коалиција после победата на предвремените парламентарни избори, истакна Мицкоски.
За законот за јавно обвинителство, измените во изборниот законик и изборот на државен ревизор рече дека разговорите течат и оти е оптимист дека тие теми може да се затворет пред предвремените парламентарни избори.
Извор:НоваТВ











