Исланд го ратификуваше протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО

0
147

Парлементот на Исланд денеска го ратификуваше протоколот за членството во НАТО за Северна Македонија.

– Веста за 26. ратификација на Протоколот за членство во НАТО, во парламентот на Исланд, ја добив во Брисел, на состаноците на Северноатлантскиот совет. Благодарам за доследноста. Денеска имав успешни средби и со грчкиот колега, Никос Панагиотопулос, со министерот за одбрана на Естонија, Јури Луик, и со помошник генералниот секретар Патрик Тарнер. Членството во НАТО станува реалност #WeAreNATO, напиша вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил.

Со оваа ратификација, 28 од 29 земји членки ја завршиле ратификацијата за НАТО или таа е во крајна фаза, и останува постапката да почне уште во Шпанија каде зависи од завршувањето на закажаните парламентарни избори на 10 ноември.

Во завршна фаза постапката за ратификација на македонското членство е уште во Велика Британија, Франција, Холандија и Италија.

Извор:НоваТВ