Заев за „Рекет“: Санкции за сите одговорни, без оглед на функцијата

0
148

Премиерот Зоран Заев одби да го коментира проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ со нови 4 осомничени,  меѓу кои и Фросина Ременски која е потпретседател на Собранието и член на СДСМ. функционер.

Заев рече дека за информацијата дознал пред самиот почеток на денешната прес конференција во Владата, а од новинарите дознал дека меѓу нив е Ременски.

-Ја добив информацијата дека има соопштение, а за кои лица се однесува, дека се работи за потпретседател на Собранието, тоа слушнав од вас. Нашиот став е секој пат кога лице е осомничено или обвинето, да преземеме мерки и санкции, времено отстранување на тоа лице, се додека не си ја докаже својата невиност. Прво да прочитаме за што е тоа лице осомничено, треба да испочитуваме еднаков третман пред законите, рече Заев и најави дека утре ќе може да даде свој став.

-Не е чесно да коментирам нешто што не сум го прочитал. Принципиелно стоиме како Влада, приоритет ни е владеење на правото, односот мора да ни биде чесен ако сакаме враќање на правна држва, а законот да важи за сите, рече Заев.

Во мај годинава, на седницата на Централниот одбор партијата ја разреши Ременски од потпретседателското место во партијата заедно со другите петмина: Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Дамјан Манчевски, Благој Бочварски и Петре Шилегов.  Во август Централниот одбор избра нови потпретседатели при што Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски  повторно се најдоа на овие позиции, а нови имиња на партиски потпретседатели беа Мила Царовска и Коста Петров.

Извор:НоваТВ