Мицкоски: Дали Заев ги предупредил осомничените дека се пријавени за „Рекет“

0
112

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја повика обвинителката Руковска да одговори дали информациите кои се темелат на записникот, што го објавија медиумите се вистинити?

„Ако се вистинити ,тогаш дали е точно тврдењето дека лично Заев дал информација и предупредување до сега осомничените дека се пријавени за Рекет? Дали Заев е помагател во Рекет, и дали ова не е одмотување на клопчето кое треба да не одведе до главата на октоподот, инспираторот и нарачаталот? Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра? Зарем некој верува дека Јанева која се сомничи дека ја завршила главната работа во случајот Рекет, во кој се обиделе да изнудат 8 милиони евра, завршила со корист изразена во мебел од 5 илјади евра? напиша Мицкоски на всојот фејсбук профил.

Според Мицкоски наместо борба против криминалот, Владата се занимава со тужби против новинари и медиуми.

Извор:НоваТВ