Одземен мебелот од домот на Јанева-претрес и во куќата во Гевгелија

0
145

Со полициска придружба попладнево беше извршен претрес во домот на Катица Јанева, од каде во камион беше натоварен мебелот, кој според Обвнителството јанева го добила од еден од осомничените во случајот „рекет“. како што кажа јавниот обвинител Љубомир Јовески Jанева е осомниена за злоупотреба на службената положба и овластување со тоа што остврила противправна имотна корист за себе и други.

Јанева користејќи ја својата позиција за осомничен во истрагата на СЈО „Империја“ -Орце Камчев ги олеснила правните мерки кои биле преземени против него, односно му го укинала куќниот притвор и му го вратила пасошот. За тоа според досегашните докази таа добила мебел во вредност од 298.000 денари.

Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.

Извор:НоваТВ