Од денеска државјанството во изводите „македонско/граѓанин на РСМ

0
118

Графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени од денеска ќе биде пополнета македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, велат за МИА од Управа за водење на матични книги.

Во врска со реакциите во јавноста за тоа дека во полетото државјанство стојат коси црти (/////), од Управата посочуваат дека причината е што не била завршена соодветната процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени.

-Согласно член 2 став 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, во графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени, издадени пред и по стапувањето во сила на Конечната спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, треба да биде впишано македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, велат од Управата за водење на матичните книги.

Извор:НоваТВ