Миле Јанакиески, екс министерот за транспорт и врски е повторно притворен заедно со уште седуммина осомничени меѓу кои Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијата.
За две осомничени лица, Кривичниот суд определил мерки на претпазливост.
Како што соопштија од судот, постапувајќи по предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор
За осум лица а за две мерки на претпазливост ,за новотворената истрага за злоупотреби со отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.
Според истрагата 10 мина осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и еден за несовесно работење во службат направиле штета на буџетот од 2,6 милиони евра.
Извор:НоваТВ










