(Дубаи – Портал) – Преку отворен повик денеска започнува процесот на самокандидрање на претседатели на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз, откако претседателот на партијата, премиерот Зоран Заев, ги разреши пред една недела сите 78-мина.
“Ги повикуваме сите заинтересирани членови на партијата кои ги исполнуваат критериумите да поднесат кандидатури. Отворени сме за сите кои сакаат да се вградат во внатрешните промени. Оние кои уживаат авторитет, углед и доверба во своите средини ги повикуваме да се пријават на овој јавен повик. СДСМ има огромен потенцијал и да го впорегнеме заедно целокупниот капацитет кој го имаме во интерес на граѓаните и иднината на државата и да служиме уште подобро – изјави Костадин Костадинов, портпаролот на владеачката партија”.
Тој нагласи да се пријават и оние разрешени претседатели на општински организации каде што Стево Пендаровски победил за време на претседателските избори. Отворениот повик и критериумите се веќе објавени на веб-страната на партијата и во печатените медиуми.
Mahir Demişoski









