„Сакам да потенцирам дека ги поддржуваме процесите за зачленување на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ, кои се национални цели на земјата. Нашата подршка ќе продолжи за интеграцијата на земјата во евро-атлантските институции”, истакна Шентоп
(Дубаи – Портал) – Вечерва во Скопје, беше организирана ифтарска програма под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, во соработка со Интернационалниот балкански универзитет (ИБУ), Сојузот на турските невладини организации во земјата (МАТУСИТЕБ) и Општина Халилије од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На ифтарската програма организирана во градината на кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), присуствуваа околу 1.200 лица.
Покрај претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски и претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, на ифтарската програма присуствуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, потпретседателот на Собранието на Северна Македонија, Весел Мемеди, поглаварот на Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ) реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи, поранешниот претседател на Северна Македонија Ѓорге Иванов, пратеници, политичари, дипломати, академици, претставниците на турските институции во земјата, како и голем број поканети гости.
Во рамките на ифтарската програма се обрати претседателот Стево Пендаровски кој го изрази своето задоволство поради присуството на ифтарската вечера.
„Како претседател на Република Северна Македонија ми претставува чест и големо задоволство да ви го честитам светиот месец Рамазан и да ви посакам лесен пост исполнет со радост и со бериќет”, рече Пендаровски.

Тој истакна дека иако го прославуваат само муслиманите, светиот месец Рамазан симболизира многу општи човечки вредности.
„Преку солидарност кон посиромашните, Рамазан е симболичен коректив на социјалната нееднаквост во општеството. Преку заедничката трпеза, Рамазан нѐ потсетува на важноста на семејството и заедницата како основи на секое општество”, нагласи Пендаровски.
Истакнувајќи дека Турција даде безусловна поддршка на земјата од нејзината независнот, Пендаровски рече дека во Големото народно собрание на Турција (ТБММ) започна процесот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО и дека поради тоа се многу среќни.
„Вечерва сме собрани на Меѓународниот Балкански Универзитет, кој е една од најзначајните образовни инвестиции на Република Турција во Република Северна Македонија”, истакна Пендаровски.
„Познато ни е дека за жал денес на многу места во светот се шири ксенофобијата и исламофобијата. Ова се однесува и на нас, бидејќи Република Северна Македонија од секогаш била и секогаш ќе биде мултиконфесионално и мултирелигиско, и мултиетничко општество. Меѓутоа, и покрај нашите различни вери и погледи на светот, нас нѐ поврзуваат универзални вредности и принципи, а тоа се стремежот за правда и мир, еднаквост и достоинство“, потенцираше Пендаровски.
Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп во своето обраќање ги пренесе поздравите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Еродан и рече дека ифтарските софри се софри на мирот и бериќетот.

Шентоп, потсетувајќи дека неговот семесјтво од Гевгелија заминале за Турција нагласи: „Пријателството меѓу Турција и Северна Македонија претставува пример за целиот Балкан и за целиот свет. Верувам, и се надевам дека и во времето на г-динот претседател Пендаровски, зајакнувајќи ги нашите односи со Северна Македонија, со која имаме заеднички ставови, ќе работиме за зачувавање на мирот во регионот, за зачувување на многу етничкото ткиво и за постигнување на економски просперитет.”
Шентоп истакна дека помеѓу двете земји има цврста соработка во областа на културата, економијата, политиката и одбраната рече дека ги ценат успесите што последно време ги постигнува Северна Македонија.
„Зачувувањето на мирот на Балканот, истовремено значи дека сите ние ќе живееме во мир”, рече Шентоп.
Потсетувајќи дека Турција во тешки времиња застанувајќи до Северна Македонија го зацврсти чувството за братсво меѓу двете земји, Шентоп рече: „Сакам да потенцирам дека ги поддржуваме процесите за зачленување на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ, кои се национални цели на земјата. Исто така нашата подршка ќе продолжи за интеграцијата на земјата во евро-атлантските институции.”
Меѓу другото, претседателот на ТБММ изрази верување дека и Северна Македонија ќе ја даде истата поддршка на Турција во борбата против тероризмот.
„Како претседател на Парламентот, кој ја манифестира националната волја, верувам во поддршката на Северна Македонија за нашата одлучна борба против терористичките организации, вклучувајќи ја и терористичката организација ФЕТО”, истакна Шентоп.
Исто така, тој наведе дека ИБУ прествавува образовен мост помеѓу Турција и балканските земји.

Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара им се заблагодари на гостите од Турција и од Северна Македонија за присуството на ифтарската програма.
„На овој убав ден, горди сме што сите заедно присуствуваме на ифтарската програма“, рече Кара.
Ректорот на ИБУ, Мехмет Дурсун Ердем, истакна дека се многу горди од тоа што Шентоп присуствувал на ифтарската вечер. Тој, исто така, им се заблагодари на сите присутни на ифтарската програма.
Mahir Demişoski










