(Дубаи – Портал) -Денес претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп.
На денешната средба тие разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и констатирале дека тие се пријателски, со интензивни контакти на највисоко ниво.
Од кабинетото на претседателот соопштија дека, двајцаа соговорници разговарале, размениле мислења и информацаии за состојбите во двете земји, исто и за актуелните состојби во регионот.
-Претседателот Пендаровски изрази задоволство од континуираната поддршка од Република Турција за евроатлантските аспирации на Република Северна Македонија. Претседателот изрази очекување дека Република Турција, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, наскоро ќе го ратификува протоколот за пристапување на земјата во НАТО, се наведува во соопштението.
Претседателот Пендаровски, се додава, истакнал дека членството на Република Северна Македонија во НАТО позитивно ќе влијае за дополнителна стабилизација на регионот, како и во севкупната внатрешна општествено-политичка состојба во земјава.
Mahir Demişoski










