(Дубаи – Портал) – Потпретседателка и пратеничка на СДСМ , Фросина Ременски, побара оставка од пратеникот Трајко Вељановски од морални и од правни причини.
“Ако ги исправиме моралните дилеми од аспект на легитимноста и кредибилитетот на носењето на одлуките од страна на Комисијата, од аспект на тоа кој ги води комисиите, нема голема разлика морализирањето на статусот на Павле Богоевски на неутврдена вина и на неповедена постапка за истрага, наспроти статусот на пратеникот Трајко Вељановски на кој што ова Собрание не можеше да му го одземе имунитетот заради солидарноста на неговите сопартијци, а е под сомнение и при крај на поведување на обвинителен акт за здружување заради непријателска дејност односно за организација на насилните настани на 27 април во Собранието на Република Северна Македонија. Јас го повикувам пратеникот Трајко Вељановски да си поднесе неотповиклива оставка и од морални и од правни причини од Комисијата за надзор на Управата за безбедност и контра-разузнавање и на Агенцијата на разузнавање бидејќи, прво е недостоен за вршење на функцијата пратеник на кој што побарање на Судот, Собранието не успеа да му го одземе имунитет и го прави потенцијален безбедносен ризик за користење на информации од класифицирана природа – државна тајна”, изјави Ременски.
Mahir Demişoski










