Пратениците на седницата на собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања в четврток ќе го разгледуваат предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија. Причината поради која оваа точка е ставена на дневен ред е дека ова прашање ќе се разгледува поради неоправданото отсуство на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од шест месеци, е наведено во собраниските материјали. Оваа известување до претседателот на комисијата Павле Богоевски го доставил претседателот на Собранието Талат Џафери пред една недела.